
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (15 часот) во Вадуц го стартува новиот квалификациски циклус за СП 2026, а прва пречка на тешкиот пат кон мундијалот е селекцијата на Лихтенштајн. Јасно е кој е фаворит, Македонија има далеку поголем фудбалски квалитет и рејтинг, но ќе мора тоа да го потврди со добра игра и на теренот.
Има селекторот Благоја Милевски во овој состав единаесетмина фудбалери кои го победија Лихтенштајн во Вадуц и пред четири години со 0-4.
На голот и тогаш беше Столе Димитриевски, а настапија и Ѓоко Зајков, Езгјан Алиоски, Елиф Елмас, Бојан Миовски, Јани Атанасов, Александар Трајковски, Стефан Ашковски, Дени Илиев, Дамјан Шишковски.