Единсон Кавани со еден потег ја стресе цела „Ла Бомбонера“, победен е големиот бразилски клуб (Видео)

Аргентинскиот гигант Бока јуниорс минимално со 1:0 го победи Крузеиро во првиот меч од Судамерикана купот во Јужна Америка. Легендарниот голгетер Единсон Кавани е херојот на Бока, постигнувајќи го единствениот гол доволен за победа на домашниот тим.

Кавани погоди во средината на второто полувреме и предизвика ерупција на трибините на еден од најпознатите стадиони во светот, „Ла Бомбонера“.

Уругвајскиот напаѓач, кој има 37 години, уште е во одлична форма. За него ова беше петти гол во шестиот дуел во Судамерикана дуелите, а во првенството на Аргентина постигна 17 погодоци во 21 натпревар.

- Оглас -

Најнови вести