Единствени се со сите играчи од домашно првенство на Мундијалот, пола репрезентативци им се од ист тим

Шпанецот Феликс Санчес го објави списокот на домашната селекција, на Катар и изборот му е интересен, а сите репрезентативци се од домашното првенство.

Дури 13 од вкупно 26 што за првпат ќе играат за Катар на Светските првенства се од ист тим, од најпознатиот во земјата, Ал Сад.

Имаат дури десет странци со катарски пасош што се родени во различни земји.

Тоа се родениот Португалец Педро Мигел, Ганецот Мохамед Мунтари, Алжирецот Буалем Куки, Али Асад кој е роден во Бахреин, Карим Будаиф од Франција, Египќанецот Ахмед Алаелдин, Ирачаните Башам Ал-Рави и Мохамед Вад и Суданците Мусаб Кедер и Али Алмоез, кој е веројатно и најпознатиот фудбалер од оваа земја.

https://twitter.com/BabaGol_/status/1591134433888829448?s=20&t=fBNNOh2GyqYxmgMxTcbRuw

Катар ќе игра на премиерата на Мундијалот, на 20. ноември против Еквадор од 17 часот.

Со нив во А групата се и Холандија и Сенегал.

 

- Оглас -

Најнови вести