Единствениот клуб кој повеќе пати бил европски првак отколку шампион во својата земја го избрка тренерот

Екипата на Нотингем Форест нема добри резултати во англиската Премиер лига и тоа беше сигнал дека нешто мора да се менува. Во една таква ситуација речиси секогаш прв кој настрадува е тренерот, па така е и сега. Менаџерот Стив Купер доби отказ, откако Нотингем Форест освои само 14 бодови во 17 натпревари во првенството, што е доволно за 17-тото место кое е последно што носи опстанок во елитното друштво.

Нотингем Форест има пет бода повеќе од Лутон кој е на 18-тото место, но газдата на клубот Евангелос Маринакис е незадоволен од резултатите посебно затоа што во последните два летни периоди беа вложени вкупно 312 милиони евра за доведување на нови играчи, а ефектот не е посакуван.

Како најсериозен можен наследник на Купер се споменува Нуњо Еспирито Санто кој сезонава ја започна како тренер во Ал Итихад, но беше избркан поради конфликт со првата ѕвезда во тимот, Карим Бензема.

За Санто ова ќе биде трет ангажман во Премиер лигата, откако претходно ги предводеше екипите на Вулверхемптон и Тотенхем. Нотингем Форест има само една победа во последните 13 кола, а оваа лоша низа ќе може да ја прекине в сабота кога за противник ќе го имаат тимот на Борнмут.

Најпрепознатлив симбол за Нотингем е тоа што овој клуб е единствен во Европа кој има повеќе пати бил на врвот на Европа, од тоа што има освоено првенства во својата земја. Нотингем два пати да бил првак на Европа, а само еднаш бил шампион на својата земја.

- Оглас -

Најнови вести