Единствениот тим без реми е домаќин на единствениот тим без пораз во Топ 5 лигите

3007 Кремонезе – Јувентус (18 ч.)

Јувентус имаше шест победи по ред во Серија А пред да дојде паузата поради Светското првенство во Катар, па Старата дама се надева дека оваа низа ќе продолжи и во 2023 година.

Кремонезе за првпат по 1996 година игра во елитното друштво во Италија и тоа е единствениот тим во Серија А што уште нема ниедна победа. Кремонезе го има вториот наслаб напад само со 11 дадени гола, додека Јувентус ја има убедливо најдобрата одбрана и е единствен тим со едноцифрен број примени голови (само седум).

Предлог тип: 2&0-3 (2.50)

 

3009 Интер – Наполи (20:45 ч.)

Дербито на денот е на „Џузепе Меаца“. Интер, кој е единствен тим без реми не само во Серија А туку и во Топ 5 лигите, е домаќин на лидерот Наполи, кој е единствен без пораз во Топ 5 лигите во Европа. Интер дома освои 18 бода од седум меча и има примено само четири гола. Наполи е најдобар гостин со шест победи и само едно реми од седум средби.

Ако се видат резултатите од последните шест дуели на овие два тима, Наполи нема победа. Интер се радувал три пати, а три дуели завршиле нерешено. Дали е време и Интер конечно да одигра „икс“ или Наполи ќе загуби?

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.14)

 

1009 Кристал палас – Тотенхем (21 ч.)

Тотенхем е тим кој едноставно игра без калкулации, па дава многу голови, но има и слаба одбрана. Кристал палас игра многу „посиромашно“ со голови, но кога се работи за дуели против Тотенхем, традицијата вели дека треба да има голови. На последните осум дуели секогаш имало најмалку по два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

1007 Лидс – Вест хем (20:45 ч.)

Вест хем е очаен и има пет порази по ред во англиското првенство, но и Лидс не може да се пофали со добра форма затоа што тимот освои само еден бод во последните три кола.

Традицијата вели дека на пет од последните шест меѓусебни дуели на крајот резултатот бил со два до три погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (2.04)

 

1955 Галатасарај – Анкарагучу (18 ч.)

Галатасарај со победа ќе се врати на првото место на табелата во турското првенство, а Анкарагучу е тим кој ќе биде задоволен ако се спаси од испаѓање. Галатасарај ја има втората најдобра одбрана во лигата и реално домаќинот треба да ги освои трите бода на овој меч.

Предлог тип: 1-1 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести