0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Единствениот тим кој нема пораз дома во Премиер лигата вечерва треба да победи

1010 Сандерленд – Барнли (21 ч.)

Сандерленд е единствениот тим без пораз на домашен терен сезонава во Премиер лигата. Во 11 меча има шест победи и пет нерешени, па јасно е дека пред своите фанови сега, кога им гостува тим од зоната за испаѓање, очекувањата се освојување три бода.

Барнли на 11 гостувања сезонава освои само пет бода и е вториот најслаб гостин, што значи дека речиси нема шанси да изненади вечерва.

Предлог тип: 1&2-4 (2.75)

 

3145 Динамо – Вуковар 1991 (18 ч.)

Дуел на првиот и последниот на табелата. Јасно е дека Динамо е огромен фаворит и дека Вуковар 10 гостувања сезонава има само два бода, но сепак не треба да се заборави дека Вуковар сезонава дома го победи Динамо со 1:0.

Тоа значи дека Модрите имаат дополнителен мотив да не го потценат противникот затоа што тоа веќе еднаш го направија сезонава и ги чинеше три бода.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.68)

 

3009 Удинезе – Рома (20:45 ч.)

Рома е екипата која игра без многу калкулации, па има само едно реми во 22 меча и тоа беше во минатото коло, кога одигра 1:1 против Милан. Само со 13 примени гола, Волчицата ја има убедливо најдобрата одбрана, додека Удинезе досега прими дури 34 погодоци.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.57)

 

1310 Мајорка – Севиља (21 ч.)

Дуел на два тима кои се во долниот дел од табелата. Мајорка е во зоната за испаѓање, а Севиља има само три бода повеќе. Двата тима имаат лоши дефанзивни линии и досега примија по 33 гола, па може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.23)

 

1959 Кочаели – Фенербахче (18 ч.)

Фенербахче едноставно мора да победи ако сака да го задржи чекорот со водечкиот тим во лигата, Галатасарај. Кочаели негува цврста затворена игра и најважно му е да не прими гол, но тешко дека ќе успее да одолее на офанзивата на турскиот гигант.

Предлог тип: 2&2-4 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести