Единствениот Турчин кој беше против бојкот на мечот во Ријад, не смее да се врати дома, а Ердоган од него побара да си поднесе оставка

Фудбалска вест број еден во светот беше одлуката на Фенербахче и Галатасарај да не го одиграат мечот од турскиот Суперкуп во Ријад, Саудиска Арабија, а медиумите открија дека неверојатни податоци.

Според турските медиуми, единствен човек кој сакал натпреварот да се одигра бил претседателот на Фудбалската федерација на Турција, Мехмед Бујукекси, кој веднаш се најде на удар да јавноста, навивачите, но и на претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

https://twitter.com/tuncgonulkirmaz/status/1740976796710170863

Медиумите открија дека Бујукекси бил согласен мечот да се одигра дури и откако бил одбиен предлогот на Галатасарај и Фенербахче, нивните фудбалери да излезат на терен со маички со ликот на основачот на турската република, Мустафа Кемал Ататурк, како и со порака со која се повикува на мир во светот.

„Срами се Мегмет Бујукекси, срамите се сите во врвот на турскиот фудбал. Не пониживте пред светот. не се враќајте во Турција. Немате каде да спиете и слободно станете државјани на Саудиска Арабија и водете го нивниот фудбал. 100 години турска република“, напиша на Икс, спортскиот коментатор Аднан Ајбаба.

https://twitter.com/i/status/1740787506365227453

Откако Букукекси дознал дека сите во Турција знаат дека тој бил единствен кој сакал да се одигра мечот, одеднаш му се слошило и била повикана брза помош.

Потоа следел уште еден шок за првиот човек на турскиот фудбал бидејќи добил повик од претседателот на државата, Ердоган, кој побарал од него да си поднесе оставка на функцијата, што наводно се случило.

Причината поради која Бујукекси инсистирал да се одигра мечот меѓу Галатасарај и Фенербахче е поради тоа што Саудијците платиле 40 милиони евра за да бидат домаќини.

 

 

- Оглас -

Најнови вести