Единствено Барселона ја „расипува“ перфектната домаќинска сабота на Спортска прогноза

Новото, 34-то коло од Спортска прогноза ќе започне од 16:00 часот со двата натпревари од Премиер лигата, а со тоа ќе стартува и новиот поход кон прекрасниот „ајфон 12“.

Интересно е што од петте средби, дури на четири фаворити се домаќините, а единствено перфектниот скор го „расипува“ Барселона, којашто гостува кај Бетис.

За триумф на Каталонците веруваат дури 61,76%, додека за триумф на „зелените“ би се радувале 15,30%, нерешен исход од средбава ќе очекуваат 22,95 одсто.

Најголем фаворит од домашните екипи, според прогнозерите, е Херта Берлин, која ќе го пречека Мајнц, а дури 76,94% сметаат дека тимот од Берлин ќе се радува на победата. Додека, пак, на мечот меѓу Барнли и Астон вила, кој се игра од 16 часот, најмала е разликата во проценти за тоа од кој тим се очекува победа.

Барнли се бори за опстанок, а во три бода веруваат 39,26%, додека, пак за тимот на Стивен Џерард ќе навиваат 38,47 отсто. Малку помал (22.27%) е износот на прогнозери коишто мислат дека ќе има делба на бодовите.

Иако сезоната на Спортска прогноза е пред самиот крај, сè уште не е доцна да се впуштите во борбата за прекрасниот „ајфон 12“, а за учество во бесплатната игра потребно ви е SL картичка, којашто исто така можете бесплатно да ја добиете  во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести