Фудбалскиот клуб Вардар и напаѓачот Едиз Спахиу ќе бидат заедно до јуни 2028 година.
Родениот гостиварчанец кој има 24 години, ја продолжи верноста со најтрофејниот македонски клуб за уште две години.
Минатата година во зимскиот преоден рок прејде од екипата на Тиквеш, со која го освои трофејот Куп на Македонија една година претходно, а лани и со Вардар повторно го подигна победничкиот пехар во Купот.
„Се работи за изворедно брз, експлозивен, интелегентен играч од нападот, од кого црвено-црните очекуваат уште многу погодоци во противничките мрежи, притоа обезбедувајќи услови за тренинг и напредок како во ниту еден клуб во државата“, објавија Црвено-црните на својот вебсајт.

