Бобан М. погоди 11 од 13-те натпревари во основната понуда на 11-тото коло на бесплатната Спортска прогноза, и доби ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари.
Тој имаше одлично претчувство како ќе завршат најголем дел од мечевите, а погреши само кај два пара, Лацио – Болоња и Лориен – Лион каде очекуваше победи на гостите, но тоа не се случи, во Рим беше нерешено, во Лориен победија домашните.

Победата на Лориен е најголемото изненадување за играчите, само 3,52 отсто од прогнозерите типуваа триумф на овој тим. Истотака и победата на Алавес над Реал Сосиедад ја очекуваа малкумина, само 6,78 проценти од игралите на Спортска.
После 11 рунди, во генералниот пласман води Трајчо Ј. со 77 поени пред Благојчо А. со 76 и Владо С. и Христијан Т. со по 75 поени.

