Претседателот на фудбалскиот клуб Шахтар Донецк, Ринат Ахметов, рече дека една четвртина, или 25 милиони од 100-милионската отштета која неговиот клуб ќе ја добие од Челзи за Михајло Мудрик ќе ја подари на украинската војска како помош во нивната битка во војната.
Трансферот на 22-годишниот Мудрик е рекорден во историјата на украинскиот фудбал, а првиот човек на Шахтар 25 милиони евра ќе пренасочи во проектот „Срце Азовстал“, кој има цел да им помогне на бранителите на Мариупол и семејствата на загинатите борци.
Се најавува и пријателски меч на Шахтар и Челзи на „Донбас арената“ во Донецк, но засега тоа е невозможна мисија. Шахтар неколку години не играше таму, туку во Киев, па затоа и Ахметов не кажа термин кога би се играл тој меч.