Една добра и една лоша вест за Барселона

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес, се повреди на вчерашниот меч против Леванте, и според прогнозата на лекарите, ќе треба да паузира три недели. Тоа е лошата вест за каталонците. Добрата вест е дека се ближи паузата за репрезентативни настапи, па во овие три недели Барса и нема да игра многу натпревари. Суарес ќе пропушти само два меча, а и тие не се многу тешки.

Суарес нема да игра на „Камп Ноу“ против Славија Прага во Лигата на шампионите, и потоа в недела против Селта Виго, истотака на домашен терен од шпанското првенство. После тоа следува пауза за мечевите на националните тимови, Суарес нема да може да игра на Уругвај, па може да се очекува да закрепне навреме за гостувањето на Барса кај Леганес на 23-ти ноември.

Сите повреда здоби и Серџи Роберто, кој истотака можеби ќе го пропушти дуелот од ЛШ со Чесите.

- Оглас -

Најнови вести