Италијанскиот гигант Јувентус извлече поволни 1-1 на гостувањето кај Вилјареал во првиот осминафинален двобој од Лигата на шампионите, но работата околу пласманот во четвртфиналето ќе мора да ја заврши на реваншот во Торино, каде што ќе мора да има победник. Кој било нерешен исход ќе донесе продолженија.
Традицијата вели дека Јуве има огромни шанси да оди понатаму. Од 18 елиминации во кои Јуве на гости одиграл нерешено на првиот меч, Старата дама дури 15 пати се пласирала во следната фаза. Кога ремизирале на гости, потоа дома биле елиминирани само во 1980, 1999 и 2019 година, што значи киксирале дома на секои 19-20 години.
Лоша вест за тренерот Макс Алегри и целиот тим на Јувентус е повредата на Вестон Мекени. Американецот има двојна скршеница на коски во левото стапало, што значи пауза од неколку месеци.