Една добра и една лоша вест за Јувентус

Средниот ред на Јувентус ќе претрпи мали измени во наредниот период откако беше објавено дека Сами Хедира ќе паузира подолго време, но на располагање е Адриен Рабио.

Јуве се подготвува за гостувањето кај Лацио в сабота вечер. Добра вест за италијанскиот првак е камбекот на Рабио, кој тренираше нормално со остатокот од екипата.

Лоша вест е дека утре во Германија ќе му биде оперирано (артроскопско чистење) левото колено на Хедира и тој нема да може да игра до крајот на годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести