Една добра и една лоша вест за Ливерпул

На една недела пред првата осминафинална пресметка меѓу Ливерпул и Баерн Михнен, се појави голем проблем за Јирген Клоп. Германскиот стратег посочи дека Дејан Ловрен и натаму се мачи со повреда на петата со која се здоби во дуелот против Вулверхемптон пред еден месец.

Поради повреда веќе извесно време недостасува и Џо Гомес, додека Вирџил Ван Дајк поради суспензија за жолти картони ќе го пропушти приот дуел со „баварците“, па така Клоп ќе може да смета само на еден централен дефанзивец, Жоел Матип.

„Ловрен и Гомес не тренираа со останатите, тие двајца не допатуваа со остатокот од тимот во Марбелја. Но, имаме седум дена да се потрудиме за Дејан целосно да закрепне и да ми биде на располагање за мечот против Баерн“, истакна Клоп.

Фудбалерите на Ливерпул моментално се во Марбелја, Шпанија,  во нивниот тренинг центар каде се подготвуваат токму за средбата против германскиот првак. Покрај Ловрен и Гомес, отсутни од денешниот тренинг беа Милнер и Вајналдум, но се приклучи Окслејд – Чембрлен, кој целосно се опорави од тешката повреда и по подолго време ќе биде достапен на Клоп.

Ливерпул на 19-ти февруари на „Енфилд“ ќе го пречека Баерн Минхен, додека реваншот е закажан за 13-ти март.

https://twitter.com/LFC/status/1095342470139789313

- Оглас -

Најнови вести