-4.2 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Една фотографија докажува колку е лоша атмосферата во Милан (Фото)

На дербито помеѓу Милан и Интер, во 80-тата минута се случи нешто што сликовито објаснува дека нешто не штима во редовите на Росонерите. Дури шестмина играчи на Милан наместо да му дадат поддршка, отворено го обвинуваат голманот Ципријан Татарушану за една негова грешка.

Играчите на Милан се незадоволни од романскиот 36-годишен голман, а шестмина од нив во исто време шират раце и изразуваат незадоволство од реакцијата на Татарушану, кој во таа ситуација ја исфрли топката во корнер наместо да ја грабне кај себе.

Милан прими 13 гола на последните четири меча, а Татарушану беше виновен за неколку од тие голови. Но, против Интер имаше и една одлична одбрана, а според весникот „Газета“, тој бил најдобар поединец на Милан во градското дерби кое Милан го загуби во неделата.

- Оглас -

Најнови вести