16.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Една фудбалерка ја направи разликата на Азербејџан – Македонија

Македонија претрпе пораз од 0-2 на гостувањето кај Азербејџан во првото коло од квалификациите за Светското првенство кое ќе се игра 2027 во Бразил.

Двата гола ги даде Севињ Џафарзаде, фудбалерка на рускиот Краснодар, која е и капитен на азербејџанскиот национален тим.

Следниот меч во квалификациите од европската Лига Ц доаѓа за четири дена, кога во Битола ќе ни гостува Андора, а потоа во април двапати Македонија ќе се сретне со Унгарија.

Во бараж за СП оди победникот од групата, а и вториот ќе има шанса (во бараж одат и двете најдобри второпласирани од шесте групи).

- Оглас -

Најнови вести