Манчестер јунајтед – Тотенхем 1-6, Астон вила – Ливерпул 7-2. Се сеќавате? Ова се случи точно пред една година, на 4 октомври 2020, кога најтрофејните англиски клубови во ист ден беа понижени и декласирани во мечеви од Премиер лигата.
Најпрвин Црвените ѓаволи на „Олд Трафорд“ беа уништени од Тотенхем со Жозе Мурињо на клупата, а фановите на Ливерпул им се смееја, но само неколку часа подоцна и тие не знаеја каде да се сокријат од срам затоа што тогашниот актуелен англиски првак за 75 минути прими неверојатни 7 гола од Астон вила.
Денешниот датум е историски бидејќи тешко дека некогаш повторно може да се случи најголемите клубови од британскиот остров така да бидат прегазени во ист ден како што тоа се случи точно пред една година.