Една кошаркарка дава изјава во микс-зона, други две се тепаат (Видео)

На светското кошаркарско првенство за жени се случи еден неочекуван инцидент. Кошаркарките на Србија победија во дуелот против Мали со 81:68, што беше втор триумф за Србинките, додека кошаркарките на Мали останаа без ниту една победа по четири одиграни кола.

По завршување на дуелот, додека една српска кошаркарка даваше интервју во микс зоната, се случи инцидент. Две кошаркарки на Мали почнаа да се тепаат, а останатите се обидуваа да ги раздвојат, но тешко им одеше.

- Оглас -

Најнови вести