Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години со пораз стартуваше на Европското првенство Б дивизија во Ереван, Ерменија. Во првиот меч македонските надежи загубија од Холандија, и тоа убедливо со 78:58.
Македонските репрезентативци одиграа одлично прво полувреме, по кое имаа и предност од 34:31. Предноста на Македонија беше до пред крајот на третата четвртина, кога водевме со 48:45, но Лалињата со серија од 5:0 стигнаа до предност од 50:48 во пресрет на последната, решавачка четвртина.
Токму во клучните 10 минути нашата репрезентација попушти. Холанѓаните немаа милост и на крајот оваа четвртина ја добија со убедливи 28:10, а на крајот избраниците на селекторот Горан Самарџиев претрпеа убедлив пораз.
Најпрецизен во составот на Македонија беше Кириловски со 14 поени, Лукановски постигна 13, а Стојковиќ беше стрелец на 9 поени.