Една мака помалку за Лапорта: Ленгле и официјално претставен во Атлетико Мадрид

Раководството на Барселона е чекор поблиску до регистрација на Дани Олмо откако и официјално Клеман Легле е испратен на позајмица во Атлетико Мадрид. Каталонците мораат да се ослободат од неколку фудбалери за да направат простор за новите засилувања, а претходно на позајмица во Бетис беше испратен и Витор Роке.

Барселона од Атлетико Мадрид за позајмицата на Ленгле ќе инкасира и три милиони евра, а Јорганџиите ќе ја покријат и целата плата за францускиот дефанзивец.

Клеман Ленгле во Барселона пристигна во 2018 година од Севиља за сума од 36 милиони евра, но не се изнаигра премногу, па беше испраќан на позајмици во Тотенхем и Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести