11.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Една мешаница беше доволна за победа на Арсенал над градскиот ривал (Видео)

Премиерлигашкиот лидер, Арсенал, дојде до тешка, но значајна победа над локалниот ривал Фулам.

„Топчиите“ славеа со минимални 0-1 на гостувањето на „Крејвен Котиџ“, а најзаслужен за тоа беше белгискиот интернационалец, Леандро Тросар, кој најдобро се снајде во мешаницата пред противничкиот гол во 58-мата минута и успеа да погоди.

Арсенал без оглед на исходот од мечот на Ливерпул и Манчестер јунајтед, ќе остане лидер во Премиер лигата и по осум кола со 19 бода, три повеќе од моментно второпласираниот Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести