Репрезентативецот на Алжир, Ријад Марез, со Манчестер сити освои четири шампионски титули во Премиер лигата, но и трофеј од Лигата на шампионите. Летово одлучи да се пресели во Саудиска Арабија и да потпише за екипата на Ал-Ахли. Екипата од „Етихад“ за неговиот трансфер заработи 30 милиони евра, а фудбалерот има месечна плата од три милиони евра.
Сепак, Марез смета дека му е потребен и дополнителен приход, па се одлучи да биде и главен лик во реклама за парфеми. Тој во видеоспотот глуми шеик, а сигурно ваквата глума добро ја наплатил.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1704432712751440119?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1704432712751440119%7Ctwgr%5Eb9ee6d1baf233cb86b3d7b8236308c397fef8a7e%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fu-europi-je-osvojio-sve-i-otisao-u-arabiju-sad-glumi-seika-i-zaradjuje-milijune%2F2497064.aspx