6.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Една од најстрашните повреди на ЗОИ 2026 (Вознемирувачко видео)

Зимските олимписки игри се пред крајот. Утревечер ќе биде спуштена завесата на спектакуларните настапи во многу зимски спортови и дисциплини, а најдобрите, во следните четири години ќе го имаат приматот на олимписки шампиони.

Покрај многуте возбудливи настани, за жал имаше и некои немили сцени и повреди на спортистите кои ќе се памтат. Секако најголемо внимание привлече повредата на легендарната американска скијачка Линдзи Вон, која заработи скршеници на ногата и стави крај на кариерата.

Во финишот на Игрите, се случи уште една тешка повреда, овојпат на полската лизгачка Камила Селијер. Таа се натпреварување во брзо лизгање на патеката на 1.500 метри кога беше удрена во лицето со лизгалка за време на трката, а потоа падна со крвава глава и удри во заштитниот ѕид.

Медицинскиот тим брзо реагираше, го сопре крварењето, а очилата кои ги носеше спречија лизгалката да заврши директно во нејзиното око.

- Оглас -

Најнови вести