Женскиот клуб на Јувентус се засили со доведувањето на Алиша Леман. Швајцарската репрезентативка во тимот од Торино доаѓа од екипата на Астон вила каде настапуваше во изминативе три сезони.
Леман игра во офанзивниот дел од тимот, а интересно е дека таа е девојка на Даглас Луис, кој исто така ова лето потпиша за Јувентус. Тоа значи дека оваа фудбалска двојка во новата сезона ќе играат за ист клуб.
Douglas Luiz 🤝 Alisha Lehmann
The couple have now both signed for Juventus this summer! 🖤🤍 pic.twitter.com/PtiaEvY2w8
— EuroFoot (@eurofootcom) July 6, 2024