7.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Една од најубавите спортистки на ЗОИ стигна до златото со олимписки рекорд (Видео)

Холандската натпреварувачка во брзо лизгање Јута Лердам ја потврди улогата на фаворит и го освои златниот медал на 1.000 метри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Лердам не само што го освои најсјајниот медал, туку постави и нов олимписки рекорд со време од 1:23,31 минута, со што само потврди дека е најдобра во оваа дисциплина.

На трибините беше и дечкото на Лердам, популарниот јутјубер и боксер Џек Пол, кој буквално плачеше од среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Happy Punch (@happypunch)

- Оглас -

Најнови вести