Една од ретките светли точки во составот на Манчестер јунајтед во сезоната која измина беше младиот Коби Мејну. 19-годишниот фудбалер кој потекнува од академијата на клубот одигра 37 натпревари и веќе е препознат од навивачите како една од најголемите ѕвезди на екипата.
Сепак, раководството на „црвените ѓаволи“ планира и него да го стави на продажба после катастрофалната сезона, за која може да се каже дека е една од најлошите во историјата на клубот.
19-годишниот фудбалер на трансфер-пазарот вреди 55 милиони евра, но Манчестер јунајтед ќе се откаже од неговите услуги само доколку некоја екипа понуди 70 милиони евра.
Навивачите се изненадени од ваквиот потег, но се чини дека финансиската криза во клубот е се поголема, а ситуацијата дополнително се влоши после поразот од Тотенхем во финалето од Лигата на Европа.