Штипјанецот Мартин Стојанов, кој игра како десно крило за бугарскиот клуб Септември од Софија, има скинат бутен мускул и нема да патува за натпреварот со Саудиска Арабија, потврдија од ФФМ.
Денеска на Стојанов му беа извршени детални лекарски прегледи и беше потврдена повредата. Селекторот Благоја Милевски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Стојанов поради временски ограничувања во однос на добивање виза за ОАЕ. Селекцијата вечерва преку Истанбул патува за Абу Даби.
Без Стојанов, офанзивни опции за дуелот со Саудијците остануваат Бесарт Ибраими, Влатко Стојановски, Љупче Дориев, Кристијан Трапановски и Методија Максимов.

