34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Една работа ги обедини Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид

Неколку играчи на Барселона, Аргентина и Уругвај заедно ќе се вратат во Шпанија со приватен авион, откако ќе им завршат репрезентативните обврски во јужномаериканските квалификации за пласман на СП 2026.

Дури 10 играчи од трите шпански гиганти се со обврски кон националните селекции, а потоа ќе брзаат да се вратат на клупските задачи. Рафиња, Роналд Араухо, Феде Валверде, Ендрик, Винисиус јуниор, Хосе Хименес, Науел Молина, Родриго де Пол, Анхел Кореја и Хулијан Алварес се играчите кои во исто време ќе пристигнат во Шпанија, откако ќе завршат со мечевите во мундијалските квалификации.

Уругвај ќе игра против Боливија на 25 март, а ден потоа ќе биде и големото дерби меѓу Аргентина и Бразил. Со оваа комбинација сите фудбалери да се соберат и со еден авион да дојдат во Шпанија дава шанса играчите на Барселона да пристигнат за дуелот против Осасуна кој се игра на 27 март. Сепак, се очекува тие и да пристигнат навреме, да бидат на клупата за резерви на таа средба.

- Оглас -

Најнови вести