Кристијано Роналдо по заминувањето од Грција, својот одмор го продолжи во Франција, а таму се сретна со славниот Мајкл Џордан, со кого се фотографираа и сликата е објавена кај Португалецот на Инстаграм. Роналдо порача тие двајца направиле историја.
Џордан се смета за најдобар кошаркар на сите времиња, има шест НБА титули, а Роналдо за себе мисли дека е најдобриот фудбалер што некогаш се појавил и тој е прв стрелец во историјата на Лигата на шампионите, натпреварување кое го освои пет пати.
Џордан викендов беше во Париз на модна недела, каде беше лансирана новата линија на патики „Мејсон 23“, а Роналдо со семејството се релаксира на француската ривиера.