30.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Една третина од француските прволигаши се пред банкрот на еден месец пред почетокот на првенството

Додека репрезентацијата на Франција се подготвува за настапот во полуфиналето на Европското првенство во Германија, дури една третина од клубовите кои настапуваат во Лига 1 се пред банкрот.

Екипите на Оксер, Ленс, Нант, Ремс, Монпеље, Ле Авр, Анже, но и на Брест, кој ќе игра во Лигата на шампионите, се пред банкрот и не знаат како да ги пополнат своите буџети бидејќи раководството на Лига 1 сè уште ги нема продадено телевизиските права за натпреварите од француското првенство.

По заминувањето на Нејмар и Лионел Меси, од Франција си замина и Килијан Мбапе, па првенството стана неатрактивно, а клубовите мака мачат да ја пополнат дупката во своите буџети.

Раководството на Лига 1 планира да направи платформа на која ќе може да се гледаат натпреварите со соодветна доплата, но проценките се дека таа сума ќе биде најмногу половина од тоа што би го добиле клубовите доколку некој ги откупи ТВ-правата.

Француската Лига 1 планирано е да започне на 16 август.

- Оглас -

Најнови вести