15.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Една третина од фудбалерите во Првата лига се странци, само во Црна Гора играат помалку интернационалци (Фото)

Од оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига, екипите може да користат осум странски фудбалери плус двајца со државјанство од некоја од земјите од Западен Балкан или вкупно 10 интернационалци.

Сепак, и покрај тоа што тренерите може да играат и со 10 странски фудбалери во стартната постава, Македонија е на дното според бројот на интернационалци во лигата, барем кога ќе се земат во предвид земјите од регионот, односно од поранешните југословенски република.

Во Македонија оваа сезона играат 89 фудбалери со странско државјанство, што е 29.7% од вкупниот број на фудбалери или нешто помалку од една третина. Помалку странци има само во Првата лига на Црна Гора, само 47 и тие сочинуваат 17.6% од вкупниот број на фудбалери.

Најмногу странци има во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, дури 162 или 52.7% од вкупниот број, што би значело дека повеќе од половината од фудбалерите имаат државјанство на некоја друга земја.

Во Србија играат 160 странци, а во Словенија и Хрватска по 127.

- Оглас -

Најнови вести