37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Една третина од жителите на Бергамо вечерва се во Милано

Секој трет жител на Бергамо ќе биде на трибините на „Сан Сиро“ на вечерашниот осминафинален меч од Лигата на шампионите, кога ќе се сретнат екипите на Аталанта и Валенсија. Според италијанските медиуми, продадено се 45.000 билети, а Бергамо има 120.000 жители, па бидејќи публиката од Милано нема да биде многу заинтересирана, најголем дел од присутните на трибините ќе бидат од Бергамо, кој се наоѓа во близина на Милано.

Просечната посета на средбите на Аталанта во Милано од ЛШ беше 29.571 гледач. Аталанта не игра во својот Бергамо бидејќи стадионот не ги исполнува условите на УЕФА за ваков ранг на натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести