Еднаш мајстор, секогаш мајстор: Анри и на 47 години постигнува евроголови (Видео)

Легендарниот голгетер Тјери Анри синоќа потсети на своите најдобри денови, постигнувајќи прекрасен погодок од слободен удар. Иако има 47 години, Анри уште ја има „магијата“ која го красеше за време на играчката кариера и со која ги воодушевуваше навивачите во целиот свет.

Анри беше дел од пријателскиот меч кој го организираше Џибрил Сисе, а се одигра во Оксер. Меѓу себе играа „Легендите на Оксер“ против „Џибрил Сисе олстар тимот“. Покрај Анри, на теренот беа и легенди, како што се Дидие Дрогба, Тјери Анри, Роберт Пирес, Клод Макелеле, Вилијам Гала… Tренер на тимот на Сисе беше прославениот Арсен Венгер.

На крајот победија „Легендите на Оксер“ со 8:4, но потегот на мечот го имаше Анри, кој постигна прекрасен погодок од слободен удар.

- Оглас -

Најнови вести