Фудбалските навивачи во Аргентина повторно ќе се вратат на трибините. Ова го одобри министерот за здравство во земјата, Карла Вицоти, со поддршка од министерот за спорт, Матијас Ламен. Тоа значи дека Аргентина ќе добие поддршка за репрезентативните настапи во квалификациите за Светското првенство во Катар следната година.
Аргентина на 9 септември ќе ја пречека Боливија на „Ел Монументал“ во Буенос Аирес, а трибините ќе бидат максимум со 30 отсто од капацитетот. До крајот на септември ќе биде дозволено гледачи и на сите останати навивачи во Аргентина.
„Овој меч против Боливија ќе биде тест не само за фубалски натпревари, туку и за сите останати големи собири. Само фановите кои се вакцинирани против корона-вирусот или имаат негативен ПЦР-тест ќе може да влезат на стадионот“, објасни министерот Ламен.