Едни со почит, другите велат дека е предавник: Легендата си замина и направи хаос на социјалните мрежи (Фото)

Том Брејди денеска потврди и официјално дека ја прекинува кариерата во НФЛ, што го донесе во рангот на еден од најголемите спортисти на сите времиња, но по долгото соопштение предизвика бес на навивачите на клубот во кој се прослави.

Симпатизерите на Њу Ингланд патриотс, клуб во кој Брејди освои дури 6 од вкупно 7 титули што ги има, реагираа веднаш на неговото соопштение, кое и точно го измерија дека има 962 збора и во ниту еден не е спомнат клубот.

Брејди мина 20 години кај Патриотите од вкупно 22 во кариерата во НФЛ, но воопшто и не го спомна Њу Ингланд во завршниот пишан збор со кој потврди дека ја завршува кариерата.

„На лажливиот предавник воопшто не му е гајле за навивачите на Патриотс и повторно ги навреди. Се разбира дека се однесува на Том Брејди. Ниту еднаш не ги спомена навивачите на Њу Ингланд во соопштението за завршување на кариерата“, е еден од коментарите на симпатизер на Патриотс, а ги има многу вакви со слична содржина.

Брејди одлучи на 44-годишна возраст да ја прекине блескавата кариера, и тоа го стори без да го доврши договорот што го има со Тампа беј буканирс.

Со нив одвои една титула, таа лани, а со Њу Ингланд има дури шест, што му го донесе статусот на еден од најголемите спортисти во историјата.

- Оглас -

Најнови вести