Едни велат Меси „пропадна“, други контрираат Лео има повеќе „Златни топки“ со сите 30 номинирани заедно

Непојавувањето на името на Лионел Меси на листата од 30 фудбалери кои влегоа во потесниот избор за освојување на „Златната топка“ веднаш покрена жестока дебата по социјалните мрежи. Дали со оваа неноминација меѓу најдобрите се означи крај на ерата на Меси или е само еден момент по кој Аргентинецот ќе се врати подобар?

Оние кои сакаат да кажат дека Роналдо е најдобар во оваа фудбалска ера, потенцираат дека Меси потврдил дека по заминувањето од Барселона едноставно „пропаднал“, затоа што по првата одиграна сезона во ПСЖ неговото име не е на листата на најдобрите 30, додека Роналдо кога заминал од Реал во Јувентус, таа сезона завршил на третото место на оваа листа.

Кристијано кога имал 35 години завршил на второто место на оваа листа, а Меси не ени во Топ 30.

Од друга страна, оние кои го обожуваат Меси и веруваат дека тој е најдобриот во оваа ера, потенцираат дека Меси зад себе има бројки за кои сите останати може да сонуваат.

Интересно е и тоа дека сите 30 номинирани заедно немаат освоено 7 Златни топки, колку што има Меси сам. Роналдо е со пет златни топки, една има Лука Модриќ, а останатите 28 кои се оваа година на листатам никогаш не ја подигнале најпрестижната индивидуална фудбалска награда.

- Оглас -

Најнови вести