Едниот плачеше, а другиот се смееше по испаѓањето на Барселона од ЛШ

По две децении, Барселона за прв пат не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант заврши на третото место во групата, зад Баерн Минхен и Бенфика.

Синоќа на Барселона и беше потребна победа во Минхен, но германскиот првак покажа доминација и славеше со 3:0. По завршување на мечот на „Алијанс Арена“, тинејџерот Гави, кој важи за еден од најголемите таленти на Барселона, беше видно вознемирен и разочаран поради елиминацијата.

Младиот 17-годишен Гави со солзи во очите си замина од теренот.

https://twitter.com/i/status/1468810956025352194

За разлика од Гави, неговиот соиграч Клемон Ленгле, воопшто не му беше гајле за поразот на Барселона. Централниот дефанзивец насмеан се поздрави со Роберт Левандовски и си замина од теренот како неговата екипа да победила, а не да испаднала од ЛШ. Ленгле подоцна се правдаше дека не се смеел поради резултатот.

„Сакам да им кажам на сите навивачи на Барселона дека сум тажен поради резултатот. Клубот го заслужува најдоброто, а ние не успеавме да го оствариме тоа. Сакам да ја објаснам и ситуацијата со Левандовски во која се гледа како се смеам. Тоа е реакција на тоа што се случи во тој момент и не ја изразува емоцијата која ја имав за резултатот“, објасни Ленгле.

- Оглас -

Најнови вести