21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Едно е сигурно, македонските фудбалери нема да „смрзнат“ во Рејкјавик

6768 Исланд – Македонија (18ч, квалификации за СП 2022)

По петти пат Македонија ќе ги одмери силите против Исланд, односно попладнево ќе биде трето гостување на Рисовите кај оваа селекција во обидот да се извлече подобар резултат по непосакуваното реми со Ерменија на домашен терен.

Сите минати дуели се одиграни во квалификации за Светско првенство, како што ќе биде и сега, па целта на Македонија е да го одржи позитивниот биланс кој гласи со 2-1 во победи и реми од првиот меѓусебен дуел во 1996 година.

Овојпат речиси сигурно е дека избраниците на Боби Милевски ќе бидат поконкретни и поопасни во нападите, па се очекува барем еднаш да се затресе мрежата на домаќините, а воедно нашите репрезентативци да се вратат непоразени од Рејкјавик.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.40) 

 

6775 Белгија – Чешка (20:45ч, квалификации за СП 2022)

Чешка претходно успеа да ја задржи неприкосновената Белгија со реми од 1-1 на домашен терен, но Ѓаволите се распукани и планираат да го одржат голгетерскиот ритам, откако броеја до пет на гостувањето кај Естонија, а од март паметат огромен триумф од 8-0 над Белорусија.

Домаќините ќе имаат тешка задача да го спречат Лукаку кој во својот јубилеен 100-ти настап ќе сака да продолжи со бомбардирање на мрежите. Ѕвездата на Челзи има неверојатен учинок од 66 гола во 99 национални настапи и нема сомнежи дека ќе сака да го подобри својот рекорд.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.17)

 

6771 Германија – Ерменија (20:45ч, квалификации за СП 2022)

Панцерите имаат прилика да ја тргнат Ерменија од првото место во нашата група Ј, што речиси нема дилеми дека ќе се случи. Германската јавност посакува да види доминантно издание на својата репрезентација откако не беше задоволна со триумфот од 2-0 кај Лихтенштајн, за што новиот селектор Ханси Флик трпеше критики.

„Најмала“ победа на Германија против ерменскиот национален состав е со 4-0, а во преостанатите две меѓусебни средби фудбалскиот великан славел две победи од 5-1 и 6-1. Одбраната е главното оружје на Ерменците, тоа го покажаа против Македонија, која пак вечерва тешко дека ќе одолее на брзоногите германски офанзивци како Вернер, Сане, Хаверц.

Предлог тип: 1-1 & 0-4 (2.50)

 

6772 Швајцарија – Италија (20:45ч, квалификации за СП 2022)

Ако се тргне настрана триумфот на Италија со 3-0 над Швајцарија од Европското првенство, ова ќе биде шесто по ред гостување на Аѕурите кај оваа селекција. Во петте по ред меча, од кои четири се пријателски, реми е исход каков најчесто се бележел, со тоа што Италија има и еден триумф од 2-1.

Швајцарците речиси да заборавија кога последен пат се радувале на победа против актуелниот европски првак. Беше тоа во мундијалски квалификации во 1993 година, а од тогаш три од вкупно седум средби припаднале на Италијанците.

Она што е сигурно е дека ќе падне барем по еден гол на двете страни, бидејќи Италија не покажа цврста одбрана против Бугарија, додека Швајцарците во последните четири меча примија шест погодоци.

Предлог тип: ГГ (1.92)

 

6707 Бразил – Аргентина (21ч, квалификации за СП 2022)

Прво „Суперкласико“ по финалето на Копа Америка, во кое Гаусочите по пауза од речиси три децении седнаа на јужноамериканскиот фудбалски трон. Тоа значи дека Бразил ќе сака да се реваншира, иако влогот е само три бода.

Кариоките засега се перфектни со седум победи на исто толку меча во квалификациите, додека Аргентина е втора во групата со 15 бода, седум помалку од лидерот и вечниот ривал.

Бразил триумфираше со убедливи 3-0 во последниот меѓусебен дуел одигран во мундијалските квалификации, па иако е тешко да се предвиди сличен исход, надежите се дека мрежите нема да мируваат во големото дерби.

Предлог тип: 3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести