Најубавата спортска новинарка Дилета Леота по појавувањето на радиоинтервју, само за 24 часа доби дури 1,5 милион нови фанови на „Инстаграм“.
Дилета во интервјуто дојде во црна тесна блуза на која имаше само едно копче и токму тоа копче на нејзините гради предизвика хаос на социјалните мрежи.
Под фотографијата на Леота имаше илјадници коментари, и тоа од нејзините машки фанови кои буквално збудалеа поради нејзиниот стајлинг.
„За што зборуваше Дилета? Сè што можев да направам е да се молам копчето да не издржи“, беше најчестиот коментар на нејзините фанови под фотографијата.
„Ова копче е како Спајдермен, се обидува да задржи воз!“.
„Ова копче има подобар живот од мојот“.
Само за 24 часа откако ја објави фотографијата, Дилета Леота доби дури 1,5 миилион нови фанови на „Инстаграм“ и сега има 8,5 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.
На Дилета ѝ тргна и во првиватниот живот и од неодамна е во врска со голманот на Њукасл, Лорис Кариус.