29.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Едно од „чудата“ Финска и Грузија ќе играат во полуфинале, Дончиќ во невозможна мисија против Германија

Вториот полуфинален пар на Европското кошаркарско првенство треба да биде познат денеска, кога на програмата се преостанатите две четвртфинални пресметки. Прво на мегдан ќе излезат двете селекции кои се најпријатно изненадување, Финска и Грузија, а како „подарок“ за тоа што го направија на овој турнир, едната ќе игра и во полуфинале.

Интересно е дека Финска ја има фаворитската улога, но Грузија е селекцијата која победила трипати во последните четири меѓусебни пресметки, така што може да биде максимално неизвесно до самиот крај.

Во вечерната пресметка од 20 часот ќе биде дербито меѓу Германија и Словенија. Перфектни шест победи во шест меча на турнирот имаат Германците, па Словенија е во улога на аутсајдер. Сепак, не треба да се заборави дека Словенија го има Лука Дончиќ, кому ако му тргне, може и сам да победи гигант како Германија.

Во понудата за плус-минус поени има 24-ица кошаркари. Над 34 поени треба да даде Дончиќ за да биде во „плус“, но и тоа не е невозможно ако се знае дека во осминафиналето постигна неверојатни 42 поена за победа над Италија.

Прв адут кај Финска е Лаури Марканен, а за него границата е поставена на 28,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести