Возбудувањата во 17-тото коло на Спортска прогноза започнуваат денеска, а на сите оние кои се дел од оваа бесплатна игра, нов предизвик е да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на понудените 13 пара од елитните фудбалски терени.
За ова коло најатрактивен меч во понудата е градското дерби на Милано, каде што Интер е домаќин на Милан. Нераѕурите освен што ќе ја имаат улогата домаќини, тие ќе бидат и фаворити за победа, иако во вакви дуели, тоа никогаш ништо не мора да значи.
Интер веќе го победи Милан во 2023 година, и тоа убедливо со 3:0 во Супер купот на Италија. Росонерите се во очајна форма и во последните четири кола во Серија А освоија само два бода, а примија дури 13 гола во овој период.
Секако, освен дербито на Милано, во понудата има уште 12 интересни меча на кои треба да се погодат конечните фиксови. За погодени перфектни 13 погодоци, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). За погодени 12 натпревари, се добива ваучер од 1000 денари во Sport Life, а прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.