Францускиот фудбалер Усман Дембеле сега и офцијално е најскапиот играч кој некогаш го има купено Барселона. Пред седум години, Дембеле пристигна во Барселона за трнсфер од 135 милиони евра, а сега таа сума достигна 148 милиони евра откако каталонскиот клуб мораше да ги исплати сите бонуси предвидени во договорот.
Со исплатените бонуси, трансферот на Дембеле достигна сума од 148 милиони евра и го надмина досегашниот рекорд за најскап трансфер во Барселона кој го држеше Фили Кутињо. Бразилецот беше купен од Ливерпул за 145 милиони евра, што значи дека трансферот на Дембеле сега е три милиони евра поскап.
Дембеле сега го има и третиот најскап трансфер на сите времиња и е веднаш зад Нејмар, за кого ПСЖ плати 222 милиони евра кога го купи од Барселона и Килијан Мбапе, кој од Монако во ПСЖ замина за сума од 180 милиони евра. Дембеле не се прослави во Барселона затоа што често беше повреден, формата му беше во надолна линија, па каталонскиот гигант минатото лето го продаде за 50 милиони евра во ПСЖ и на тој начин врати барем една третина од тоа што го потроши за негово доведување.