Едно од најголемите трансфер-промашувања на Барселона ја завршува кариерата на само 31 година?!

Од Самуел Умтити се очекуваше да биде големо засилување за Барселона кога во 2016-тата година за 25 милиони пристигна од Лион. Сепак, повредата на коленото кое го повреди во 2018-тата година го спречија да остави поголем траг на „Ноу Камп“. Следуваа неколку операции, потоа повреда и на мускулот, па скршеница на прстите на стапалото, а неговата плата беше преголема за „каталонците“ кои се уште се во голема финансиска криза за да плаќаат скап фудбалер кој не игра.

Барселона долго се обидуваше да се ослободи од него, но тоа конечно се случи минатото лето кога Умтити како слободен фудбалер се пресели во Лил. За екипата од француската Лига 1, оваа сезона одигра само шест натпревари, а на теренот мина само 180 минути пред повторно да се повреди и сега се подготвува за нова операција, која најверојатно ќе значи и крај на кариерата на само 31 година.

- Оглас -

Најнови вести