Кошаркарот на Њујорк никс, Оби Топин победи во натпреварот во забивање на Ол-стар викендот што се одржува во Кливленд.
Топин беше најконстантен од почетокот до крајот и во сите четири обиди што ги имаше, немаше под 44 поени. Во финалето, Топин беше подобар од Хуан Тоскано-Андерсон од Голден Стејт.
Кошаркарот на Њујорк успеа да забие откако топката ја протна низ ногата, ја удри во таблата, а потоа ја заби со една рака. Во последниот обид тој доби 47 поени и тоа беше доволно за да биде новиот шампион во забивање.
Сепак, според многумина овој натпревар во забивање беше еден од најлошите во последните неколку години затоа што изостана очекуваниот спектакл.
https://twitter.com/i/status/1495254668313874433
Во натпреварот за тројки, неочекуван победник е центарот на Минесота Карл-Ентони Таун. Во финалето, Таун имаше дури 29 успешни шута, што е втор најдобар резултат во историјата на ова натпреварување. Повеќе погодени од него имал само Стеф Кари на ланското натпреварување.
Таун е вториот највисок кошаркар кој победил во ова натпреварување, веднаш зад Дирк Новицки кој беше најпрецизен во 2006 година.
https://twitter.com/i/status/1495228633883070466
Се одржа и натпреварот во вештина на тимовите. Имаше три тима со по тројца играчи. Тимот на Кавс, тимот на Адетокумбо и тимот на Рокс се бореа за трофејот, а дебитантот на Кливленд, Еван Мобли успеа да погоди шут од пола терен и во последната рунда донесе победа на домашната екипа.
Вечерва ќе се гра главнито настан на Ол-стар викендот, а ќе играат екипи во кои предводници ќе бидат Леброн Џејмс и Кевин Дурант.

