Езѓан Алиоски како стартер за Лидс јунајтед одигра едно полувреме во ремито против Манчестер сити од 1-1. Македонскиот репрезентативец го заработи својот прв старт во Премиер лигата, но менаџерот Марсело Бјелса го замени Алиоски на паузата и на негово место заигра Поведа.
Во возбудливата средба на „Еланд роуд“, англискиот вицепрвак и шампионот од втората лига мораа да се задоволат со поделба на бодовите, иако на двете страни се вршеа притисоци за победниќки гол.
https://twitter.com/GolinoEdits/status/1312436337660706823
Стерлинг ја отвори средбата во 17-тата минута со одличен погодок надвор од шестнаесетникот. Со самиот почеток на вториот дел, домаќините тргнаа поофанзивно, а израмнувањето го донесе Родриго Морено во 59-тата минута, со својот дебитантски гол во Премиер лигата искористувајќи ја грешката на Едерсон при корнер за Лидс.
До самиот крај, се пропуштаа бројни шанси меѓутоа, меѓутоа мрежите не се тресеа во последните триесетина минути. Сити втор меч во низа останува без триумф и има четири бода по три меча, додека Лидс освои седум бода од четири натпревари.
https://twitter.com/Route1futbol/status/1312449638075568130