Горан Пандев го одигра само првото полувреме и беше заменет во Џенова на дуелот против Венеција што заврши без голови во 11-то коло во Серија А.
Поранешниот капитен на македонската репрезентација беше заменет на почетокот на второто полувреме, но и тоа не и помогна на Џенова да победи.
Ова е осми меч по ред за најстариот клуб во Италија без победа во Серија А со што останаа блиску до опасната зона за испаѓање на 17-то место со 8 бода.
Венеција е веднаш пред Џенова со 9 бода, а и двете екипи ќе бијат тешка битка за опстанок.
Попладнево блескаше Душан Влаховиќ стрелецот на три гола за Фиорентина во победата од 3:0 против Специја. Со хет-трикот денеска српскиот репрезентативец се проби на второто место на листата со најдобри стрелци во Калчото со 8 гола.
Емполи со пресврт го изненади Сасуоло и победи како гостин со 2:1, а претходно Интер го победи Удинезе со 2:0.