Едно претекнување во третиот круг доволно за нова победа на Ферстапен

Актуелниот шампион, Холанѓанецот Макс Ферстапен е победник на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Шпанија во Барселона, а патот до победата си го отвори со претекнување на Џорџ Расел во третиот круг.

Расел имаше феноменален старт, и иако тргна од трето место, го презеде водството, ги надитри Ферстапен и Ландо Норис кој беше на пол-позицијата. Но, радоста на пилотот на Мерцедес траеше кратко, Макс го возврати ударот во третиот круг, изби на прво место и потоа рутински се одржуваше на чело, без да дозволи да биде сериозно загрозен.

Ферстапен трета година по ред победува на оваа патека и го зголеми водството во генерален пласман, само чудо или некаква голема несреќа може да го спречи на патот кон нова титула во Ф1 шампионатот.

На подиумот се најдоа и Норис од Мекларен кој заврши на второ и Расел кој мина како трети низ целта. Потоа следуваа Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Карлос Саинс, итн.

- Оглас -

Најнови вести