Едноракиот херој на Вимблдон – Павиќ играше епско финале со скршен зглоб на раката и со лонгета, но не успеа да ја обрани титулата

Австралијците Метју Ебден и Макс Пурсел се нови шампиони на Вимблдон во машки двојки, но вистински херој на турнирот е Хрватот Матео Павиќ.

Едноракиот јунак, како што го нарекоа пред финалето играше со сонародникот Никола Мектиќ во епско финале со една рака.

Павиќ имаше скршеница на зглобот на раката и лонгета и буквално играше над четири часа со една рака.

Ебден и Пурсел победија со 3:2, со 7:6, 6:7, 4:6, 6:4, 7:6 во дивовска битка на нерамноправни противници.

Павиќ и Мектиќ се лански шампиони на Вимблдон, но денеска и покрај натчовечките напори на сплиќанецот не успеаја да ја одбранат круната во машки двојки.

 

 

- Оглас -

Најнови вести