Мохамед Салах конечно блесна во Премиер лигата, а Беркант Саитовски со тимот на Аугсбург, кој го имаше голгетерот на Ливерпул за капитен на тимот, успеа да освои најмногу поени во ова коло на Фантази Премиер лигата на СпортМанија. Саитовски со својот тим освои дури 95 поени, а Салах како капитен му донесе 30 поени. Одлични во составот беа и Габриел (15 поени), Трипие (12) и Заха (12 поени). Во нападот голови дадоа Кејн (8 поени) и Халанд (5 поени), а интересно е дека овие 95 поени беа освоени иако во составот го немаше Митровиќ, па само 10-мина фудбалери донесоа поени во ова коло.
Втор во ова коло е ФК Коска на Никола Цветкоски, кој освои 86 поени, а повеќе од една третина поени се благодарение на Салах, кој како капитен донесе 30 поени. Одлични беа и Трипие (12), Салиба (8), Алмирон (8), Мадисон (11) и Кејн со 8 поени.
Трет на листата по ова коло заврши Дарио Савевски со екипата Тактикал мајнд, кој на крајот освои 85 поени. Секако дека и Савевски го имаше Салах за капитен, како и Трипие во одбраната. Во средниот ред Заха со 12 поени и Грос со 9 беа најактивни, а во нападот Кејн и Соланке дадоа по еден гол и донесоа убава залиха.
Тројцата најдобри во ова коло добиваат вредносни ваучери од Sport Life, и тоа првопласираниот од 300 денари, вториот е со ваучер од 200 денари, а за третиот следува ваучер од 100 денари. Сите тројца треба да испратат порака на ФБ страницата на Спорт Манија.